Два мега центри за вакцинација во Атина и Солун, почнува имунизација и со вакцината на АстраЗенека

Од:

Во објектите на саемите во Солун и Атина, од денеска почнуваат со работа двата мега центри за имунизација, едниот со 48, а другиот со вкупно 96 центри за имунизација, јави дописничката на МИА од Атина.

Во просториите на изложбениот центар „Helexpo“ во северниот дел на Атина, од денеска во функција се 48 од вкупно 96 центри за вакцинација, на површина од 3.000 метри квадратни, со можност за 2.400 вакцинации дневно, во првата фаза, а подоцна кога ќе почне да работи со полн капацитет, ќе има можност од 5.760 дневно и 150.000 вакцинации месечно.

Мега центарот за имунизација во Солун е во објектот на Меѓународниот саем, со капацитетот, во текот на месецов, дневно да се спроведуваат 1.000 вакцинации, а подоцна до 6.480.

Од денеска работат 24 од 48 планирани центри за вакцинација во самиот објект.

Мега центарот за вакцинација во Атина, кој го носи името „Промитеас“ во саботата го посети грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и рече дека во „операцијата Слобода“ односно процесот на имунизација вакцинирани спроведени се над 500.000 вакцинации, а закажани над еден милион термини.

-Апсолутно сме доследни до обврската што ја презедовме колку е можно побрзо и со најголема можна безбедност да ги вакцинираме нашите сограѓани, кои сакаат да се вакцинираат, во зависност од протокот на вакцини што ги добиваме секоја седмица, рече Мицотакис.

Од денеска во Грција започнува и имунизацијата на лицата од 60 до 64 години со вакцината на АстраЗенека, процес кој оди паралелно со оној за лицата од 75 до 79 години со оглед на тоа дека одлуката на земјата е вакцината на АстраЗенека да не ја примаат лицата над 65 години.

Според официјалните податоци, заклучно со саботата во 21 часот, во Грција биле спроведени 526.369 вакцинации, а 371.462 лица ја примиле првата доза.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он