Новиот земјотрес со интензитет од три степени според Рихтеровата скала вчера дополнително активираше многу одрони во Банија, а дупките што се појавија во земјата по секој земјотрес стануваат се поголеми.
Сеизмологот Крешимир Кук за ХРТ изјави дека досега оваа појава не им била позната на сеизмолозите.
– Нема пишани траги, па дури ни усни сознанија од нашите постари колеги. За нас, ова е нешто ново, потенцираше Кук.
Тој додаде рече дека земјотресите во Банија се уште не престанале, но и дека сеизмичката активност е слаба, што е очекувано. Кук истакна дека потресите ќе траат со месеци, но ќе бидат послаби.
Професорот Бруно Томљеновиќ од Загребскиот факултет за рударство, геологија и нафтено инженерство истакна дека појавата на тие дупки може да се класифицира како феномен и дека не е вообичаено почвата да се однесува на овој начин по земјотрес.