Драстично намалување на барањата за азил од БиХ во Шведска

Од:

Бројот на барањата за азил на луѓе од Босна и Херцеговина за Шведска оваа година е драстично намалено, пишуваат сараевските медиуми.

Според службените податоци на шведската амбасада во Сараево, бројот на азиланти е речиси преполовен. Во првите 20 недели од оваа година барања за азил во Шведска имаат поднесено 175 државјани на БиХ, додека во истиот овој период во 2012 година биле регистрирани 333 азиланти.

Босна и Херцеговина е на листите на земјите членки на ЕУ како зона од каде најчесто има многу барања за азил во државите од Западна Европа и Скандинавија. Високиот процент на азиланти е една од причините на која се инсистира во Брисел кога се објаснува зашто оваа балканска земја се уште нема договор за безвизно патување во земјите од Шенген зоната.

Несредените имиграциски состојби, како и ненадминатите вкупни внатрешно-политички прашања, со кои и понатамусе соочува БиХ, предизвикуваат земјата да остане најдалеку од сите во регионот кога станува збор за нејзините евроатлански придвижувања.

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина