Србија пропаѓа и во таквата Србија потребна е „косовската приказна“, за да не се решаваат егзистенцијалните прашања, вели лидерот на СПО, Вук Драшковиќ, во интервју за Б92.
„Народот се залажува со приказните за територијалниот суверенитет и интегритет. Ја нема Србија на Косово, има српски народ, цркви, манастири“, вели Драшковиќ.
Во најголем интерес е Србија да сфати што не може и што единствено може и „да започне со нормализација на односите меѓу Србија и Косово“.
„Ние Косово не мораме формално да го признаеме, тешко ни паѓа што е Косово изгубено, но е изгубено“, вели Драшковиќ и додава дека Косово може да се врати само со војна, а прашање е дали Србија може сега да војува и како сето тоа би поминало.
Драшковиќ наведува дека Косово е „специјален сосед“ и со нив треба да се воспостават сите културни, економски и други врски.
Драшковиќ наведува дека „Србија го чека својот Де Гол“, кој би ставил крај на лагите и измамите.