Драматичен говор на Вучиќ од Париз: Ја сакаа мојата и смртта на моите деца

Од:

Не чека тешка ситуација на Косово, особено по 2 ноември порача од Париз српскиот претседател Александар Вучиќ. Тој имаше средби со високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел и со претседателот на Франција Емануел Макрон.

Вучиќ рече дека Србија ја чека многу компликувана ситуација.

„Се соочуваме со многу компликувана ситуација на Косово, особено од 21 ноември, кога Албанците имаат намера да наплаќаат казни. Главна тема со Лајчак и Борел беше Косово рече Вучиќ.

Вучиќ изјави дека министрите за надворешни работи на ЕУ ќе се сретнат за Косово в понеделник и рече дека е скептичен за какви било решенија.

„Дури и во српскиот парламент има пратеник кој мисли дека Косово е независно. Не ме интересира што мислат пратениците во Европа, важно е што мислат владите“, одговори Вучиќ.

Вучиќ го коментираше и апсењето на 17 членови на криминалната група „Врачарци“ кои соработувале со кавачкиот клан и наводите дека групата на Вељко Беливук планирала да го убие.

„Овие луѓе се поврзани со бизнисот со наркотици. Станува збор и за убијци, кои на списокот го ставиле моето име и имињата на моите деца.

„Не е загрозена мојата безбедност, загрозена е безбедноста на нашите луѓе во Косово“, рече Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Силно невреме проследено со дожд и град зафати голем дел од Србија

А1он

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Вучиќ и покрај заканите од ЕУ ќе оди во Москва: Не ја менувам одлуката

Изгласана новата Влада на Србија

Вучиќ го објави извештајот на руската ФСБ во кој се тврди дека на протестите во Белград не бил употребен звучен топ.

Предраг Петровиќ

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи