Снежното невреме во Истанбул предизвика прекин на летовите од овој град, но и откажување или одложување на многу летови.
Во еден авион кој не можел да полета, здравствената состојба на патниците се влошила, поради што лекарот Амар Решидовиќ од Сараево имал две интервенции додека бил затворен во авионот со часови.
Решидовиќ на враќањето од Дубаи каде бил на одмор, отседнал во Истанбул, а поради снежно невреме и неможност да полета за Сараево, во авионот поминал седум часа.
По влегувањето во авионот снегот почнал да паѓа, а пистата брзо била покриена со снег.
Решидовиќ го започнува своето искуство од авионот со зборовите дека авионот се движел на пистата додека не застанал меѓу два авиони и повеќе не се движел.
„Чекавме да се стабилизира времето 20 минути, а потоа два часа, но на секои два часа подоцна се јавуваше капетанот со нови информации. Поминав седум часа во авион кој беше исклучен, без струја и без кислород“, вели тој. рече Решидовиќ.
Тој истакнува дека луѓето ги фатила паника со оглед на тоа што авионот бил полн и дека многумина не спиеле по неколку часа поради поврзаноста на летовите.
Околу 17 часот стјуардесата на разглас прашала дали има лекар во авионот.
Од 200 патници, Решидовиќ бил единствениот лекар и се одзвал на повикот на стјуардеса да му помогне на постар турски државјанин.
„Додека авионот беше исклучен и се нишаше од ветрот, луѓето почнаа да губат свест. Постариот маж од Турција имаше тешкотии со дишењето, имаше забрзан пулс, висок крвен притисок, беше дехидриран и облеан во ладна пот. Побарав на човекот да му се даде кислородна маска, со тоа што се чекаше одобрување на капетанот. Сите тоа испаничено го набљудуваа. Бидејќи беше дехидриран, му дадов течности и побарав од екипажот на летот да ја отвори вратата. Една се заледила, па успеаја да отворат друга, како би се стабилизирал пациентот“, рече Решидовиќ.
Тој додава дека при првата интервенција добил покана за втората интервенција од другата страна на авионот, каде што помладата девојка изгубила свест.
Освен тоа, била анксиозна бидејќи пред десетина дена имала коронавирус, а откако се смирила, при прегледот забележал дека пулсот и е забрзан и дека започнал „валсава маневар“, што поттикнувало враќање на крвта од периферијата кон центарот. Набрзо и таа се стабилизирала. Потоа напишав извештај за двата пациенти, а сите други беа благодарни за интервенциите. Потоа уште два часа седевме во авионот, каде одев од еден до друг пациент и ја следев нивната состојба. Автобусот дојде до авионот и не префрли до аеродромот каде сме веќе три дена затворени и чекаме летови“, изјави тој.
Летовите кои биле планирани за 12 часот повторно се откажани, а патниците и докторот се уште чекаат лет за Босна и Херцеговина.