Планинска спасувачка служба ги соопшти деталите за акцијата по спасувањето на службеник од британската амбасада, кој беше повреден на Шар Планина на косовска страна.
„Во брза координација со полицијата и скијачкиот центар, со жичара до највисоката точка беше овозможено транспортирање на планинските спасувачи, додека другата екипа со опрема за помош почна да се качува до повредените“, пишува албански Телеграф.
Според извештаите, повикот за помош бил примен во 14.20 часот со дојава дека во реонот на ски-центарот Брезовица се случила несреќа. Известена е косовската полиција и започната е спасувачка акција. Спасувачките служби успеале да стапат во контакт со повредениот, кој им испратил координати каде се наоѓа. Лесно било да се стапи во контакт, велат, со друго лице кое го придружувал дипломатот, но немало пристап до него. И двајцата, додаваат, телефонски биле советувани да останат смирени и им било кажано за други безбедносни елементи.
Во меѓувреме, екипи на пожарникари од Штрпце почнале да даваат поддршка и да се приближуваат до околината. Повредениот бил лоциран во 16.25 часот на местото викано Црвена карпа, кој се лизнал од планината на околу 450 м.
Повредениот дипломат е евакуиран со воздушен транспорт. Пристигнал и хеликоптер на КФОР кој го пренел повредениот за да му биде укажана лекарска помош.