ДПА: Хрватска не ги исполнила сите услови за влез во ЕУ

Од:

Хрватска во суштина не ги исполнила сите услови што ги поставила ЕУ за влез во заедницата, бидејќи многу закони се усвоени на брзина, не постојат ниту услови за нивно спроведување, а подготвеноста за реформи ќе исчезне по влезот во ЕУ, оценува германската агенција ДПА.

Авторот на текстот наведува примери според кои Хрватска не е зрела за европската заедница. На пример, хрватскиот Парламент ја прифати стратегијата за развој на правосудството од 2013 до 2018 година, која нема ниту годишен акциски план за спроведување, без кое таа останува мртва буква на хартија.

Се уште нема клучен Закон за стратешки инвестиции со кои требало да бидат отстранети пречките за инвеститорите, на што се жалеше Брисел.

Како нерешени проблеми на Хрватска, агенцијата ја наведува и корупцијата, застарената јавна администрација, странските инвеститори.

– Хрватска со километри е далеку од ЕУ стандардите. Во економијата во голем дел се уште одлучуваат мафијашите. Ако така се однесува кон странските инвеститори, тогаш земјата не припаѓа на ЕУ, се наведува во писмото што ДПА го цитира, на австрискиот претприемач Фридрих Ебнер, чин концерн за градежни материјали во Хрватска има фабрика за цигли.

Би можело да ве интересира

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска, се излеа Сава кај Загреб

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег