Грчкиот суд на поранешниот градоначалник на Солун и уште двајца градски функционери им изрече доживотна казна затвор, за проневера на повеќе од 17 милиони евра.
Поранешниот градоначалник Василис Папајоргопулус не ја призна вината и во текот на судењето инсистираше дека не бил вмешан во никаква финансиска малверзација, за 12-те години колку што бил на функција.
Покрај него на доживотна казна се осудени и поранешниот генерален секретар на градот Михалис Лемоусиас, како и благајникот Панајотис Саксонис. Сите тројца веќе се во затвор.
Елена Георгиевска