Донаторска конференција за Србија и БиХ во Брисел

Од:

Во Брисел денеска ќе се одржи голема донаторска конференција за справување со последиците од катастрофалните поплави во Србија и Босна и Херцеговина.

На конференцијата ќе учествуваат голем број официјални лица и меѓународни организации од Европа и светот.

Делегацијата на Србија ќе ја предводи претседателот Томислав Николиќ, а делегацијата на БиХ претседателот на претседателството Бакир Изетбеговиќ.

Домаќин на конференцијата, организирана под мотото „Да изградиме повторно заедно“ е Европската комисија, а коорганизатори се Франција и Словенија.

Собирот ќе го отворaт еврокомесарот за проширување Штефан Филе, премиерката на Словенија Аленка Братушек и шефот на француската дипломатија Лоран Фабиус.

На конференцијата ќе бидат прикажани и три филма за катастрофалните поплави во БиХ и во Србија, како и реакциите на меѓународната заедница, а завршниот говор ќе го одржи еврокомесарот за хуманитарна помош Кристалина Георгиева.

Би можело да ве интересира

Силно невреме проследено со дожд и град зафати голем дел од Србија

А1он

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања