„Долче и Кафана“ доби тужба од „Долче и Габана“

Од:

Светски познатите дизајнери на луксузна гардероба „Долче и Габана“ покренаа тужба против Марко Филиповиќ од Белград поради името на неговиот локал „Долче и Кафана“. Иако оваа кафана работи речиси една година, Филиповиќ вели дека порано немале проблеми, додека пред две недели не стигнала тужбата.

– Преку адвокатска канцеларија во Белград, ни пристигна тужба. Се изненадив кога видов дека не тужат од „Долче и Габана“, а судот одредил 500.000 динари вредност на спорот, раскажува Филиповиќ.

Специфичното име на кафаната, му било симпатично на газдата, но и на гостите. Сепак, сега поради тоа ќе мора да оди на суд, пренесува Ало.рс.

– Бараа од нас да го промениме името на кафаната, но и да ги платиме судските трошоци. Уште не се споменува колкава би можела да биде оштетата бидејќи за тоа допрва ќе се расправа на суд, вели сопственикот.

Кафаната би требало на 1. октомври да прослави годишнина од работењето.

– Работата да биде уште полоша, рочиштето ни е закажано баш на 1. октомври. Така, за роденденот имаме една казна и судење, вели 22-годишниот Филиповиќ.

Овaа кафеана има само неколку маси и се наоѓа во центарот на градот.

– Тука сум и келнер и шанкер и сопственик и чистач. Се’ работам сам, а притоа сум и студент по економија. Секое судење, ми е голем трошок, објаснува Филиповиќ.

Идејата за името, кое би можело скапо да го чини, ја добил, како што вели, спонтано при разговор со братот.

– Мојот роден брат и јас разговаравме за тоа како кафаната би можела да се вика. Избравме тоа да биде симболично име и поради тоа што сме браќа и се презиваме Филиповиќ, ставивме две букви „ф“, па оттука „Долче и Кафана“, раскажува сопственикот.

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани