Договорот за Шенген без ставка за суспензија на визното олеснување

Од:

Претставници на Европскиот совет, Комисијата и Парламентот постигнаа доцна синоќа договор за измени на Шенгенскиот договор, со кој се овозможува подобра контрола на европските граници, соопшти денеска еврокомесарот за внатрешни работи Сесилија Малстром, јави Танјуг.

– Ова е важен чекор кон унапредување на функционирањето на Шенгенскиот систем, наведува Малстром во соопштение, истакнувајќи дека е добро што договорот штити од слобода на движење внатре во Шенген зоната низ јасни правила за контрола на надворешните и внатрешните граници.

Важно е да се напомене и дека во договорот за Шенген не е вклучена ставка за суспензија на визните олеснувања (т.н. заштитен механизам) поради зголемен прилив на лажни азиланти, првенствено од Србија и од Македонија.

Со оглед дека земјите-членки кои бараа воведување на овој механизам за тоа не постигнаа договор со Комисијата и Парламентот, тоа значи дека граѓаните од земјите во регионот и во иднина ќе можат без визи да патуваат во Шенген зоната.

Спогодбата за измени на Шенгенскиот договор е резултат на повеќемесечни преговори на клучни европски институции со земјите членки во врска со прашања кога времено можат да се воведат гранични контроли внатре во Шенген зоната.

Синоќа конечно е договорено ЕК да добие клучна улога во временото воспоставување граници, на што претходно се противеа некои членки.

Според договорот, Комисијата ќе има право не само да одлучува дали некоја вонредна ситуација бара да се воведат внатрешни контроли, тукуќе може да испраќа вонредни инспекциски тимови кои ќе реагираат на обидите на земјите-членки наспроти шенгенските правила да воспостават контрола над своите граници.

Договорот исто така ја јакне улогата на Фронтекс, европска служба за контрола на границите, која отсега ќе има подобар увид во тоа кој влегува а кој излегува од Шенген зоната.

Би можело да ве интересира

Влезот во ЕУ ќе се наплаќа 7 евра: Нови правила и крај на слободниот премин

Словенија го суспендира Шенгенот и ја враќа граничната контрола со Хрватска поради војната во Газа

А1он

Полски дипломати продавале Шенген визи во Африка, Азија и Блискиот Исток

Австрија изложена на критики поради издавање визи на руски пратеници кои се под санкции на ЕУ

Хрватска го воведе еврото и влезе во Шенген

Фон дер Лајен: Влезот во Шенген и еврозоната е пресвртница на европскиот пат на Хрватска

А1он