Договорот од Преспа една од темите на средбите на Мицотакис во Москва

Од:

Русија и Нова демократија се против Договорот од Преспа, но нивните несогласувања се различни. Грчката опозициска партија не е против членство на Скопје во НАТО, брифираат извори од Нова демократија за грчките медиуми, на крајот од посетата на Кирјакос Мицотакис на Москва, јави дописничката на МИА од Атина.

-Во однос на Договорот од Преспа, и покрај фактот што двете страни се поставија против тактиката што се следеше, појдовната точка на нивното несогласување е различна, додаваат извори од Нова демократија. Истакнаа дека Нова демократија не е против влезот на Скопје во НАТО, додека пак на Сергеј Лавров му било споменато дека главното прашање за НД е да не се поставува прашање за македонски јазик и националност. Добро информирани извори, потврдуваат дека руската страна покажала разбирање за ова прашање, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.

Лидерот на Нова демократија во рамки на дводневната посета на Москва, се сретна со премиерот на Русија, Димитри Медведев, со шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров со претседателот на руската Дума, Вјачеслав Володин.

 

 

Би можело да ве интересира

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

ISW: Лавров ги откри тајните претензии на Русија

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Од Северна Кореја во Русија пристигнаа 4.000.000 артилериски гранати

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Одмазда за масакрот во Суми: Украина ја уништи руската ракетна бригада во регионот Курск