Додик: Со нов закон ќе се потврди 9 јануари како Ден на Република Српска

Од:

Лидерот на СНСД и српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик изјави синоќа дека Република Српска на есен ќе донесе нов закон, со кој ќе се повтори дека 9 јануари ќе се слави како Ден на Република Српска.

– Колку повеќе се оспорува 9 јануари, ние толку посилно ќе го славиме. Особено силно ќе го одбележиме следниот Ден на Републиката, бидејќи не смееме да се откажаме од своите главни датуми, истакна Додик по повод одлуката на Уставниот суд на БиХ, со која е оспорен Законот за Денот на Република Српска – 9 јануари.

Тој, меѓу другото, на собир на младите на СНСД истакна дека партијата сака да биде владејачка и водечка партија на тие простори, бидејќи на Република Српска и се потребни силни лидери.

– СНСД ќе помогне тие да се создадат, заклучи Додик.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Унгарија нема да гласа за санкции против избраните претставници на Република Српска

Додик: Единствено решение за БиХ е или нов договор или разделба

Додик: Нов договор или мирно да се разделиме

Порака од Москва: Обидот за укинување на Српска ќе има сериозни последици

Горан Наумовски

Полициски специјалци пред Палатата на Република Српска во Бања Лука

Горан Наумовски

Пожар во семејна куќа, пронајдени три јагленосани тела

А1он