Додик: Република Српска останува воено неутрална

Од:

Српскиот член на Претседателството на БиХ Милорад Додик денеска во Командата на Шестата пешадиска бригада на Вооружените сили на БиХ порача дека Република Српска останува на патот на својата воена неутралност.

-Република Српска има намера секоја своја одлука врзана за интергациите, пред се, да ја даде на одлучување на народот преку референдум, што е обврзувачки за оние кои во име на Србите делуваат во Сараево, рече Додик.

Тој потсети дека НАТО ги бомбардираше Србите, користеше осиромашен ураниум и нанесе големи штети на српскиот народ.

Заменик министерот за одбрана на БиХ, Мирко Околиќ, кажа дека од претставниците на Србите и Република Српска во Министерството за одбрана и Вооружените сили на БиХ ќе бара да работат чесно и да ги заштитат интересите на Србите кои таму работат

-Истовремено од вас барам да не правите штета на интресите на Бошњаците и Хрватите, нити на било кој друг. Нам штетата на други не ни треба, нам ни е доволно да ги заштитиме нашите интереси, порача Околиќ, пренесен од бањалучките медиуми.

Би можело да ве интересира

Додик: Бараме начин момчињата од Српска да служат војска во Србија, би им дале привилегии

ВИДЕО: Додик запеа по победата на Трамп

Додик: Западот го резервира Балканот за своите цели

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Додик: Ова е првенствено политички процес

Горан Наумовски

Додик му се закани на „американскиот функционер“ дека ќе го избрка од Бања Лука

Предраг Петровиќ