Додик: Република Српска не го загрозува мирот во Босна и Херцеговина, се друго е лага

Од:

Република Српска не го загрозува мирот во БиХ, ситуацијата е стабилна, нагласи претседателот на Република Српска Милорад Додик, посочувајќи дека се друго е лага.

Тој се опишува себеси како легалист и се залага за Дејтонскиот мировен договор, додека другата страна води кампања против правниот и уставниот поредок во БиХ.

Во интервју за „Џерусалим пост“, Додик нагласи дека Република Српска никого не се заканува и не загрозува.

„Ситуацијата во БиХ е стабилна и безбедноста и мирот не се загрозени од наша страна. Ве уверувам дека нема закана за мирот или Дејтонскиот мировен договор од наша страна и сите такви обвинувања се апсолутна лага“, нагласи Додик.

Би можело да ве интересира

Додик: Доаѓа време кога позицијата на Република Српска ќе се подобри уште повеќе

Уставниот суд ја отфрли жалбата на Додик

А1он

Укинати американските санкции на Додик и соработниците: Му благодарам на Трамп, голема неправда е исправена

Предраг Петровиќ

Додик: Ќе се одржи референдум

Додик: Важно е Република Српска да има пристап до центрите за донесување одлуки, а тоа се Америка и Русија

Додик: САД ги брише Србите од „црната листа“