Додик: Република Српска може да испрати набљудувачи на референдумите за припојување кон Русија

Од:

Членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, за време на престојот во Русија, зборуваше за рускиот медиум РИА Новости и меѓу другото се осврна на одржувањето на референдумот во Украина на окупираните делови на територијата.

Во текот на разговорот Додик рече дека смета оти референдумите во Доњецк и Луганск треба да се сметаат за автономна одлука на жителите на овие региони и истакна дека овој избор треба да се почитува.

„Секако, прашањето за референдумот беше важна тема во последните денови и сметаме дека прашањето за пристапување кон Русија е независна одлука на овие региони, но и на самата Русија. Затоа, ќе го почитуваме нивниот избор и метод на интеграција“, рече Додик.

После тоа рече дека постои можност набљудувачи на референдумот да бидат одредени лица од РС.

„Се разбира, нашинците присуствуваа на вакви настани и често учествуваа како набљудувачи на изборите во Русија. Имаат искуство во оваа работа и би ми било чест да учествувам на еден ваков важен настан“, заклучи Додик.

Да потсетиме, до крајот на септември во окупираните делови на Украина ќе се одржат референдуми за припојување на овие територии кон Русија.

Според планот, на овие референдуми својот збор треба да го кажат граѓаните на Доњецк, Луганск, Запорожје, како и Херсонската област на југот на Украина.

Би можело да ве интересира

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Русија го нападна центарот на Киев со балистички проектили, има мртви

Додик: Ако САД имаат право на Гренланд, тогаш Србија има право и на Република Српска

Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската

Четири држави против Украина во НАТО

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски