Додик: Референдумот ќе биде начин за донесување одлуки за сите важни прашања

Од:

Претседателот на босанскиот ентитет Република Српска, Милорад Додик, изјави дека по референдумот за Денот на Република Српска, сега ќе поработи на утврдувањето на формата референдум како начин за донесување одлуки за сите поважни прашања за овој административен дел од Босна и Херцеговина, информираат белградските медиуми.

По седницата на претседателството на Сојузот на независни социјалдемократи, партијата на која е лидер, Додик изјави дека на референдумот за Денот на републиката била потврдена суверената волја на народот.

Додик изјави дека во наредниот период ќе има уште референдуми.

Тој истакна дека РС треба да изготви сопствени избирачки списоци за да не биде зависна од Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина. Тој додаде дека следните референдуми може да бидат организирани по електронски пат, за да може полесно да се спроведат.

Додик повтори дека ќе даде изјава во обвинителството на Босна и Херцеговина за одржувањето на референдумот во РС, но нема да отиде во Сараево, туку ќе зборува  или преку видеоврска или во некоја од правосудните институции на Република Српска.

-Нема да одам во обвинителството на Босна и Херцеговина и нема да правам медиумски спектакл, рече Додик.

Тој додаде дека нема да се понижува да оди во Сараево за да го снимаат илјадници новинари.

Додик истакна дека не се чувствува виновен и одговорен за одржување на референдумот во Република Српска. Тој повтори дека за него обвинителството и судот на Босна и Херцеговина не се уставни институции и еден ден тие ќе бидат распуштени.

Додик кажа дека Република Српска наскоро пред Уставниот суд на Босна и Херцеговина ќе ги обжали сите закони, донесени во Федерацијата Босна и Херцеговина од 2014 година до сега, поради тоа што Домот на нациите на Федерацијата Босна и Херцеговина го нема неопходниот и со Уставот предвиден број Срби.

Тој неодамна кажа дека во Уставниот суд на БиХ ќе поднесе жалба заради чествувањето на 1 март како Ден на независноста на Босна и Херцеговина.

-Тоа што го направи Бакир Изетбеговиќ ќе го удри како бумеранг во глава, изјави Додик.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

Додик му пиша на Трамп: „Претседателе, чувајте се, ни требате да победите“

Вучиќ од Република Српска ги повика босанските политичари: Додик и јас сме нивна тема, зошто не правите патишта и железници

Предраг Петровиќ

Се преврте чамец со мигранти на Дрина, пронајдени 10 тела, меѓу нив бебе и мајка

Додик му се закани на „американскиот функционер“ дека ќе го избрка од Бања Лука

Предраг Петровиќ

Полицијата на Србија и РС потпишаа меморандум за соработка, Дачиќ: Тоа е помош за „браќата“

Предраг Петровиќ