Додик прогласи убедлива победа на СНСД на сите нивоа

Од:

Претседателот на СНСД, Милорад Додик, се обрати пред јавноста откако беа објавени првите прелиминарни резултати од Општите избори што денеска се одржуваат низ Босна и Херцеговина.

Додик прогласи победа на СНСД на сите нивоа.

„Прогласувам победа на сите нивоа. Им благодарам на сите. Ова е резултат сличен на оној од пред 20 години“, изјави Додик.

Успехот на СНСД, како што рече, делумно го припишува на политичката атмосфера во Соединетите Американски Држави.

„Да немаше величествена победа на Трамп, веројатно денеска ќе бевме политички мртовци, но благодарение на новиот амбиент, сега сме политички победници“, изјави Додик.

Тој додаде:

„Многу ми е драго што победивме, вака ги пореметивме сите.“

Кандидатката на СНСД, Жељка Цвијановиќ, води во трката за член на Претседателството на БиХ со 55,34 проценти од гласовите.

Зад неа е Маринко Божовиќ од СДС со 26,59 проценти, додека Небојша Вукановиќ има 18,5 проценти од гласовите.

Во Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на БиХ, СНСД исто така ќе има најмногу мандати, со оглед на тоа што во Република Српска освои 40,95 проценти од гласовите.

По СНСД, партијата „Покрет Сигурна Српска“ на Драшко Станивуковиќ има 15,15 проценти, СДС има 13,18 проценти, додека „За правда и ред“ на Небојша Вукановиќ има 5,80 проценти.

Во Народното собрание на Република Српска, СНСД освои 38,93 проценти од гласовите, „Двжење  Сигурна Српска“ има 14,19 проценти, а СДС 12,27 проценти.

Засега изборниот праг го минуваат и ДНС, СП, „Обединета Српска“, СПС и „За правда и ред“.

Би можело да ве интересира

Маскирани хрватски полицајци претепале мигранти на границата со БиХ, пет лица со скршеници

Нови оставки во хрватската психијатриска болница по смртта на 32-годишниот пациент Кристијан Периш

СНСД и ХДЗ нема да влезат во власта едни без други

Драма над Хрватска: „Рафал“ пресретна авион по дојава за бомба

Додик: Република Српска е подготвена да биде партнер на сите, но никому слуга

Вучиќ помилувал пет лица во Србија: Меѓу нив и поранешната висока функционерка на МВР, Дијана Хркаловиќ

Предраг Петровиќ