Додик: Одлуката за одложување на изборите во БиХ е нелегитимна

Од:

Српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина и лидер на СНСД, Милорад Додик, изјави дека денешната одлука на ЦИК за одложување на локалните избори во БиХ е нелегитимна.

„Самиот ЦИК е нелегитимен, бидејќи не беше спроведена процедурата при изборот на нејзините членови. За СНСД не е проблем одржувањето на избори и нам не ни одговара пролонгирање“ , изјави Додик за локално радио.

Тој додаде дека СНСД сака изборите да се одржат во законски предвидениот рок.

На денешната седница во Сараево, Централната изборна комисија на БиХ донесе одлука дека локалните избори ќе се одржат на 15 ноември, наместо на 4 октомври.

Би можело да ве интересира

Додик: Ќе продолжам да победувам во Република Српска

Додик: Ниту побарав, ниту добив руско државјанство

За Додик пресудата на Ле Пен е злоупотреба на судството за политички цели

А1он

Австриски „Дер Стандард“: ЕУ смета дека за апсењето на Додик „не вреди да се вложи труд “

Предраг Петровиќ

Додик: Република Српска не го загрозува мирот во Босна и Херцеговина, се друго е лага

Додик: Следната недела ќе се вратам во БиХ

Горан Наумовски