Додик: Не излегувајте на протести во Сараево, не е безбедно

Од:

Претседателот на Република Српска Милорад Додик ги повика граѓаните и претставниците на здруженијата, кои најавија дека ќе организираат протест пред зградата на Судот и Обвинителството на БиХ, од безбедносни причини да не доаѓаат во Сараево.

Додик вчера потврди дека изутрината добил повик за сослушување од Обвинителството на БиХ поради одржување на референдумот за Денот на Република Српска.

Тој повтори дека ќе одговори на повикот и оти е подготвен да даде изјава во Обвинителството, но во некоја правосудна институција на РС и повтори дека нема да замине за Сараево.

Претседателот на РС во вторникот во Бања Лука изјави дека не е подготвен да замине во Сараево по изјавата на претседавачот на Претседателството на БиХ, лидерот на СДА Бакир Изетбеговиќ, кој му ја предвиде судбината на Моамер Гадафи и Садам Хусеин.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Унгарија нема да гласа за санкции против избраните претставници на Република Српска

Додик: Единствено решение за БиХ е или нов договор или разделба

Додик: Нов договор или мирно да се разделиме

Порака од Москва: Обидот за укинување на Српска ќе има сериозни последици

Горан Наумовски

Полициски специјалци пред Палатата на Република Српска во Бања Лука

Горан Наумовски

Пожар во семејна куќа, пронајдени три јагленосани тела

А1он