Додик најави „мирно раздвојување“ со Босна и Херцеговина

Од:

Милорад Додик денеска беше реизбран за претседател на Алијансата на независни социјалдемократи (СНСД), партија која континуирано ја води од нејзиното основање во 1996 година, а во говорот по тој повод рече дека Босна и Херцеговина ја смета за неодржлива и најави дека ќе иницира „мирно раздвојување“ на нејзините два ентитета.

Додик беше единствениот кандидат за претседател на неговата партија, а учесниците на нејзиниот изборен Конгрес одржан во Добој речиси едногласно го избраа.

Фалејќи се дека СНСД сега има повеќе од 200.000 членови, Додик изрази уверување дека ќе остане на власт уште долго.

Тој рече дека СНСД ја води борбата за традиционално општество засновано на семејни и здрави човечки односи, а современото застапување за човековите права и особено за правата на ЛГБТ луѓето го нарече „напад на здравиот разум и на здравото општество во целина“.

Во својот говор тој повторно го обвини Западот за антисрпски активности и најави продолжување на конфронтацијата со меѓународната заедница и оспорување на постапките на Уставниот суд на Босна и Херцеговина.

Тој ја опиша БиХ како „принуден државен сојуз“ кој Србите не го сакаат и го сметаат за „жив мртовец“.

Би можело да ве интересира

Додик: Ситуацијата во Српска е стабилна, додека на ниво на БиХ е сложена

Додик: Ваква Европа нема иднина и тешко може да се спаси

Додик: Владата е стабилна, Република Српска не е безбедносно загрозена

Додик доби забрана за влез во две европски земји

Интерпол го одби барањето на БиХ за распишување меѓународна потерница за Додик

Додик: Ќе продолжам да победувам во Република Српска