Додик: „Јужен поток“ повторно ќе дојде на дневен ред

Од:

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик најави дека во следните десетина дена во Санкт Петербург ќе биде потпишан договор за дирекна испорака на гас од Русија за српскиот ентитет во Босна и Херцеговина.

– Уверен сум дека проектот ќе се реализира. Имам гаранции за тоа. што ми го потврди и еден многу важен човек во Русија. Прашањето (за „Јужен поток“) повторно ќе биде ставено на дневен ред, тогаш кога ќе се создадат услови за тоа, изјави Додик, одбивајќи да каже кој е „многу важниот човек во Русија“.

Потпишувањето на договорот за испорака на руски гас за Република Српска го потврди и директорот на компанијата „Гас-рес“, Слободан Пухалац, кој најави дека во следните десетина дена официјално ќе биде потпишана спогодбата меѓу Москва и Бања Лука, што беше парафирана лани во септември, кога изградбата на гасоводот „Јужен поток“ се уште беше актуелна.

Ваквите најави на Додик и Пухалац, ги покренаа шпекулациите дека Русија можеби не се откажала целосно од проектот „Јужен поток“.

Кон ова се надоврза и министерот за индустируја, енергетика и рударство на Република Српска, Петар Ѓокиќ, кој изјави дека Бања Лука „не ја изгубила надежта дека „Јужен Поток“ ќе се врати на некој друг начин“.

Виенскиот весник „Курир“ оцени дека „Јужен поток“ очигледно бил само „привидно мртов“, наведувајќи дека Русите повторно го оживуваат овој проект.

Според весникот, Русија ќе го направи тоа преку издвојување на еден крак од гасовод „Турски поток“ кон Грција, а потоа и кон Европа.

Медиумите во Република Српска наведуваат дека рускиот претседател Владимир Путин при неодамнешната посета на Будимпешта најавил дека „Турски поток“ од Турција би проодлжил со траса кон Европа, заобиколувајќи ја Бугарија.

– Таа траса би одела преку Грција и Македонија до Србија и потоа на север (кон Унгарија), тврди шефот на претставништвото на Република Српска во Москва, Душко Перовиќ.

Тој тврди дека за изградбата на овој крак веќе се водат преговори меѓу Москва и Брисел.

„Турски поток“ во еден дел ќе ја прати трасата на „Јужен поток“ и тоа во делот по дното на Црното Море, но наместо во бугарскиот град Варна, би завршол во Турција и потоа би продолжил кон Грција, наведуваат босанските медиум.

Според истите извори, „Турски поток“ ќе има четири цевки од кои само преку една ќе се доставува гас за Турција, а другите три ќе бидат наменети за дистрибуција на енергенсот до Европа.

Директорот на рускиот Национален институт за енергетика, Сергеј Правосудов сепак е повоздржан во однос на ова прашање, наведувајќи дека ваква идеја посоти, но дека главен проблем е финансирањето на изградбата на проектот.

– Европа не сека да инвестира заедно со „Газпром“, а би сакала да го контролира гасоводот, наведува Правосудов.

Би можело да ве интересира

Дачиќ: ЕУ со двојни стандарди го дозволи Северен, но не и Јужен поток

Ана Ололовска

Сијарто: Можно е рестартирање на „Јужен поток“ по изборите во Бугарија

Наум Локоски

„Комерсант“: „Газпром“ го воскреснува „Јужен поток“

Ана Ололовска

Раскинат договорот за „Јужен поток“

Емир Латифовиќ

Анкета: Србите и Бугарите стравуваат поради откажувањето на Јужен поток

Емир Латифовиќ

„Турскиот поток“ ќе оди по трасата на „Јужен поток“

Ана Ололовска