„Турскиот поток“ ќе оди по трасата на „Јужен поток“

Од:

Рускиот енергетски гигант „Газпром“ реши да го прифати барањето на партенрите од Турција за изградба на гасоводот „Турски поток“ по трасата што беше предвидена за проектот „Јужен поток“, објави „Рускаја газета“.

Весникот потестува дека според планот, гасоводот „Турски поток“ би требало да биде завршен до 2020 година, од кога „Газпром“ планира да запре со дистирбуцијата на гас преку територијата на Украина.

„Турскиот поток“ треба да има капацитет од 63 милијарди метри кубни гас годишно и преку него ќе се транспортира „синото гориво“ од Русија за Турција.

Со изментите во планот за негова изградба, „Турски поток“ во должина од 660 километри по дното на Црноот Море ќе оди по трасата што беше предвидена за „Јужен поток“, а ќе бидат изградени уште 250 километри дополнителен коридор кон европскиот дел на Турција, речиси до границите со Бугарија и Грција.

Според руските енергетски експерти, „Газпром“ бил принуден да излезе во пресрет на барањата на турските компани, иако првобитната идеја на компанијата беше „Турски поток“ да оди паралелно со гасоводот „Син поток“, што би било поевтина варијанта за неа.

Морската делница од „Турски поток“ ќе ја гради самостојно „Газпром“, додека во изградбата на копнената траса ќе учствува и турската компанија „Ботас“.

Засега се уште не постигнат договор за цената на гасот што ќе се дострибуира преку „Турскиот поток“, бидејќи Турција бара пониски цени за 15 проценти од пазарните, што претстава значително голем попуст.

Би можело да ве интересира

Експлодираше гасовод во регионот на Харков

Голем интерес за тендерот за гасоводот Грција – Македонија

Орце Костов

„Енерџи прес“: До крајот на месецов Грција ќе го објави тендерот за изградба на интерконекторот со Северна Македонија

Кина го поткопува клучниот проект на Путин, правејќи ја Москва нервозна

Белград започна со изработка на просторно-техничка документација за гасната интерконекција Србија-Северна Македонија

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Експлодираше гасоводот што ја поврзува Литванија со Летонија

Горан Наумовски