Додик: Инцко е монструм, ги мрази Србите, сакаме да си замине

Од:

Претседателот на претседателството на БиХ, Милорад Додик, синоќа, на онлајн тркалезната маса на Советот за безбедност на ОН, остро го искритикува високиот претставник во БиХ, Валентин Инцко, нарекувајќи го монструм и странец кој соработува само со Бошњаците од Сараево и зборува во нивно име.

Додик тврди дека Србија, Хрватска и Република Српска сакаат високиот претставник да ја напушти БиХ, како и 50 проценти од лушето во Федерацијата БиХ, и го обвини Инцко дека ги мрази Србите и зборува во име на бошњачкиот народ, а не во име на Дејтонскиот договор, пренесе РТРС.

Додик истакна дека Дејтонскиот договор не се толкува, туку се спроведува, и рече дека Инцко нема право да го толкува и да спроведува одлуки засновани врз него и рече дека функцијата висок претставник не е формирана од ниту еден Совет за имплемнетирање на мирот, туку е воведена со Анексот 10. на договорот, пренесе Клик.ба.

-Запрете го овој монструм, кој се обидува да ни наметне одлуки што не се утврдени во Дејтонскиот договор, тој е странец кој ќе ја уништи БиХ. Тој им се одмаздува на Србите и Хрватите во БиХ. Инцко нема апсолутно никаква врска со државниот имот во БиХ и се обидува да ја запре изградбата на хидроцентрали и аеродроми, рече Додик.

Тој додаде дека доколку Инцко продолжи да ги спроведува одлуките, ќе размисли за „почнување на интеграцијата на Републкика Српска со матичната земја Србија“.

Тој се осврна и на претходните високи претставници во БиХ, за кои рече дека се странци кои се обидуваат да ги наметнат своите одлуки и да ја создадат БиХ.

-Високите претставници го сменија Дејтонскиот договор, менувајќи го духот на Дејтон. Педи Ешдаун ги прекрши сите можни договори и тој го призна тоа во својата книга. И сите тие промовираа таква политика, се до Инцко, рече Додик, нарекувајќи го Ешдаун „пристрасен и криминален“.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница