Додик: БиХ никогаш не функционирала како обединета држава

Од:

Од неуставниот обид за отцепување од Југославија, БиХ никогаш не функционираше како обединета држава бидејќи нејзините институции беа поделени по етничка линија и немаа ефективна власт на целата територија на БиХ, изјави претседателот на Република Српска, Милорад Додик.

Тој посочи дека суверена власт, како суштинска карактеристика на секоја држава, не постоела, така што не може да стане збор за државен и правен континуитет во БиХ.

Додик за унгарскиот портал European Conservative (europeanconservative.com) изјави дека тоа се „историски факти на кои треба да се гледа зрело, одговорно и смирено“.

Претседателот на Република Српска посочи дека „нелегитимниот Кристијан Шмит наметнува измени на законот и пропишува кривично дело, а Обвинителството и Судот на БиХ неуставно ја водат постапката и на тој начин се обидуваат да ја понижат Република Српска и нејзините институции“.

Би можело да ве интересира

Додик: Добивме ветувачка стратегија од Америка

Додик: Договорот е основа на сè

Додик: БиХ нема да стане членка на НАТО

А1он

Додик: Унгарија не нè напушти дури ни кога предизвиците беа најголеми

Горан Наумовски

Каран го победи Блануша со разлика од два отсто

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Додик со песна ја прослави победата: “Само тако, само тако…“

Катерина Ѓуровски