Џихадисти од Србија војуваат во Сирија

Од:

Повеќе десетици муслимани од Србија припадници на групата „војници на џихад“ учествуваат во војните во исламските држави.

Поголемиот број од нив се коцентрирани во Рашка, од каде што триесетина од нив се регрутирани за војната во Сирија, на страната на бунтовниците.

Официјално лице од полицијата од Нови Пазар, кое што сакаше да остане анонимно за „Блиц“ потврди дека полицијата е запознаена со оваа појава, но наведе дека нивните активности ги следат некои други служби.

– Нас единствено не интересира како ќе се однесуваат кога ќе се вратат. Полицијата не ја интересира она со што се занимаваат во странство – изјави лицето.

Точен број на следбениците на ова екстремистичко движење , Србија се уште нема, но се претпоставува дека ги има неколку десетици, главно од Санџак.

Јавноста е запознаена со случајот на Елдар Кундаковиќ, од Нови Пазар кој пред неколку месеци беше убиен во Сирија, во акција на единицата на балканските „свети војници“ за исламот, која се бори на страна на бунтовниците.

Според неговиот татко, заминувањето на Елдар во Сирија било инспирирано од верата. Во неговата единица во Сирија, имало уште еден воин од Нови Пазар, триесетина од Санџак и околу 50 муслимани од Босна.

Познавачите на состојбата во Санџак и експертите за ислам велат дека овие војници порано имале обуки во Виена, која се смета за европски центар на вехабизмот.

Во меѓувреме центрите за обук а се преселени на просторите на Србија, односно во Нови Пазар, Белград, Нови Сад и Панчево. Голем број муслимани, од Србија се регрутирани во текот на студирањето во странство, каде што поминуваат неколку фази на обука.

Од вкупниот број Бошњаци, кои што живеат во Рашка, Босна и Херцеговина и дијаспората, а се проценува дека ги има околу четири милиони, околу 400.000 се симпатизери на џихадистите и вехабизмот. Секој десетти од нив е подготвен да учествува во борбени акции и терористички напади.

Властите во БиХ, размислуваат да донесат посебен закон со кој би ги санкционирале, овие воини, по враќање во државата. Министерот за безбедност на БиХ, Фахрудин Радончиќ, им посочил на парламентарците дека дури 340 нивни државјани, следбеници на вехабизмот, војуваат во Сирија и Авганистан.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

Втор ден од собирот „Не ја даваме Србија“

А1он