Дисциплински казни за вработените во ХРТ кои изборите на Косово ги најавија со српско знаме?

Од:

Прилогот на Хрватската радио-телевизија (ХРТ) за изборите во Косово, во коj позади водителката беше прикажано српското знаме, ги налути албанските претставници во Хрватска, пренесува „Блиц“, повикувајќи се на хрватски „Индекс“ од каде соопштија дека тие барале одговорност од вработените кои го направиле пропустот.

Хрватскиот портал, повикувајќи се на фејсбукот на пратеничката од редовите на албанското малцинство, Ермина Лекај Прљаскај, наведува дека ХРТ организирала средба со претставници на албанското малцинство и ветила казна за оние кои ја направиле визуелната најава.

Според напишаното на Фејсбук, на состанокот покрај Прљаскај биле присутни и претствникот на Косово во Загреб, Гзим Касаполи и генералниот директор на ХРТ, Казимир Бачиќ, пренесува „Индекс“.

Пратеничката најавила дека е договорено да се покренат дисциплински постапки против одговорните, таа и косовскиот претставник во Загреб да бидат гости во програмата на ХРТ, како и тим на телевизијата да појде на Косово за да направи прилог за политичката ситуација.

Исто така на средбата било побарано директен извор на информации во врска со ситуацијата на Косово да биде исклучиво РТК, бидејќи ХРТ и РТК имаат договор за соработка.

Би можело да ве интересира

Излезни анкети: „Романскиот Трамп“ убедливо води на претседателските избори

Горан Наумовски

Чалмерс: Новата австралиска влада ќе се соочи со сенката на трговската војна меѓу САД и Кина

Избори во Романија: Излезноста надмина 50 отсто, гласаа повеќе од девет милиони гласачи

Австралиските лабуристи по победата: Нашиот фокус ќе биде трговската војна меѓу САД и Кина

Романија ги повторува претседателските избори по руското мешање

ВИДЕО: Пропадна и осмиот обид за избор на претседател на косовското собрание