Ученик од основното училиште „Душан Вукасовиќ Диоген“ во Бечмен направи хаос во тоа училиште, заканувајќи им се на вработените „дека ќе ги убие сите“. На инцидентот му претходеше тепачка со врсник, по што тој налутен дојде во училиштето, и во училишната кујна каде биле наставникот, одделенскиот раководител и педагогот почна да вика, да се заканува дека ќе го претепа момчето со кое се степал, а потоа дека ќе ги убие сите.
Таму удри со тупаница во шкаф и превртел маса. На класната и рече дека „лично ќе и суди“. Директорот на училиштето Душко Недељковиќ го потврди инцидентот и извести дека реагирала и полицијата.
-Во моментот кога момчето правеше хаос, во просторијата имало наставен кадар, кои веднаш повикаа полиција. Ниту еден од учениците не беше загрозен. Момчето потоа заминало дома, каде полицијата го пронајде. За се веднаш го известивме Министерството за образование и Центарот за социјална работа – рече Недељковиќ.
Полицијата чекала да се појави мајката на детето, а потоа го одвела на распит поради сомнение дека сторил кривично дело загрозување на безбедноста. Бидејќи делувал дезориентиран, повикана е и екипа за Итна помош. Директорот на училиштето изјави дека момчето и претходно правело проблеми, но дека никогаш не било агресивно.
– Ученикот ја прекинуваше наставата, играше игри, грубо одговараше на наставниците, имаше голем број неоправдани. Претходно веќе пријавивме во Центарот за социјална работа, ја пријавивме мајката кај судијата за прекршоци поради запоставување на детето. Уште малку му останува да заврши осмо одделение, ако дојде на час од понеделник, јас лично ќе седнам во класот со него – изјави Недељковиќ.