Директор на косовски пензиски фонд со 72 илјади евра годишна плата

Од:

Адриан Зали, директор на Фондот за пензиска заштета на Косово, е најплатениот носител на функција на Косово. Неговата плата е четирипати поголема од онаа на премиерот Хашим Тачи, или за речиси половина поголема од платата на претседателката Атифете Јахјага.

Според изјавите за имотната состојба доставени до Агенцијата против корупција, Зали има годишна плата од 71.500 евра или околу 6 илјади евра месечна плата.

Тој пријавил исто така и 810 евра од патување. Зад Зали е директорот на косовски  телеком, Ејуп Ќерими, кој зема годишна плата од околу 50 илјади евра.

Сејди Хоџа извршен директор на косовски телеком има месечна плата од три илјади евра или годишна од 36 илјади евра и Арбен Ѓука, директор на косовската електрокорпорација,КЕК со месечна плата од 2.800 евра.

Стапката на невработеноста во Косово достигнува 40 отсто и овој процент на висока невработеност не се намалил во текот на целиот мандат на актуелната влада. Инаку, само 23 отсто од работоспособното население во Косово е вработено.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица