Ди Мајо: Италија работи на избегнување санкции против Русија

Од:

Италија смета дека меѓународното право мора да се почитува, но користи дипломатија за да се избегне воведување нови санкции кон Русија. Ова денеска го изјави италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи ди Мајо по разговорите во Москва со неговиот руски колега Сергеј Лавров.

– Сите работиме за дипломатско решение на кризата, а тоа значи избегнување на сите видови санкции, рече тој на прес-конференција. Италија ја гледа Русија како дел од европскиот безбедносен дијалог и ги користи историски добрите односи меѓу двете земји за да го изгради тој дијалог.

Ди Мајо потврди дека по разговорите со Лавров, а претходно и со украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба, бил убеден дека „двете земји се подготвени да бараат дипломатско решение“.

Тој, исто така, рече дека разговара за датум за посета на премиерот Марио Драги на Москва и се надева дека таа ќе биде организирана што е можно поскоро.

Би можело да ве интересира

Москва предупредува: Времето истекува

На Москва не и се допаѓа специјалниот пратеник на Трамп за Украина и Русија

ВИДЕО: Украинците повторно нападаа рафинерија во Русија

Русија не го прифаќа примирјето што го договорија САД и Украина

Катерина Ѓуровски

Русите објавија фотографии: зазедовме клучен град во областа Курс

Захарова: Ако странските сили дојдат во Украина, ќе одговориме со сите расположливи средства