Девојка со нож избоде тројца мажи во Софија, еден од ранетите се бори за живот

Од:

Дваесет и двегодишна девојка денеска избоде тројца мажи во парк во Софија, а еден од нив е во тешка состојба, јавија бугарските медиуми.

Девојката е уапсено во меѓувреме.

Очевидци тврдат дека девојка со голем нож нападнала тројца минувачи во Саут Парк, пренесува бугарскиот портал „Новини“, додавајќи дека насекаде имало многу крв.

Еден од нападнатите, 21-годишен, бил прободен со нож во слезината и веќе бил опериран. Според порталот „BNT News“ тој е во тешка состојба.

Друг маж, на возраст од 51 година, бил прободен со нож во градите и бил примен во болница за лекување на раните. Неговиот живот не е во опасност.

„Новини“ пренесува дека на дотичната девојка претходно и била констатирана тешка психијатриска болест, дека била на лекување, дека пред неколку месеци била отпуштена, а за неа се грижела нејзината мајка.

Наводно, мајката и рекла на полицијата дека нејзината ќерка одбива да ги зема лековите што и биле препишани и дека нејзината состојба нагло се влошила последните денови.

„БНТ њуз“ пренесува дека сите психијатриски клиники во моментов одбиваат да ја примат 22-годишната девојка, поради недостаток на простор.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Се што ветивме на изборите многу внимателно го исполнуваме

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Поранешниот заменик на Екатерина Захариева е нов шеф на бугарската дипломатија

Росен Жељазков е нов премиер на Република Бугарија, изгласана е новата Влада

Горан Наумовски

Бугарија: Жељасков го прифати мандатот, идната влада ја сочинуваат три партии