Деветмина загинати при превртување на брод со имигранти кај Кос

Од:

Девет лица, меѓу кои две деца на возраст од седум и 14 години, загинаа утринава кога брод што превезувал илегални имигранти се превртил во близина на грчкиот остров Кос, соопошти Канцеларијата на Меѓународната организација за миграции (ИОМ) во Грција.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, во бродот имало околу 20 имигранти, од кои седум се спасени, а по четворица се уште се трага.

Грчките медиуми објавија дека превртениот брод го пронашол глисер на Службата за контрола на границите на ЕУ (Фронтекс), чии припадници слушнале повици за помош од имигрантите кои се наоѓале во водите на Егејското Море.

Операција за потрага по исчезнатите имигранти продолжува.

Со денешната трагедија, бројката на загинати во Источниот Медитеран само оваа година, достигна најмалку 562 жртви меѓу мигрантите и бегалците, соопшти ИОМ.

Би можело да ве интересира

Грција гори, жителите спас бараат во морето

Предраг Петровиќ

Во Грција исчезна петгодишното момче Игор од Србија

Горан Наумовски

Голем шумски пожар во близина на Атина: Пожар зафати куќи, бројни пожарникари и 17 авиони учествуваат во гаснењето

Голем пожар на грчкиот остров Серифос во Егејското Море

Тринаесетгодишно девојче загина од гром на плажа на Халкидики

Предраг Петровиќ

Грција: Раководството на Северна Македонија се враќа на дејствија што алудираат на иредентизам