Деветмесечно бебе од Благоевград заразено со коронавирус

Од:

Раководителот на локалната болница во Благоевград, д-р Огнјан Митев за бугарските медиуми изјави дека на деветмесечно бебе му е дијагностициран коронавирус откако претходно тоа било сместено во детскиот оддел бидејќи лекарите се сомневале дека е заразено.

„Направен е ПЦР-тест во лабораторијата на болницата, а откако излезе позитивниот резултат, детето е пренесено во медицинска установа во Софија“, рече лекарот Митев.

Тој додаде дека тестот на мајката бил исто така позитивен.

Причината за транспортирање до главниот град е услов децата заразени со Ковид-19 во земјата да се лекуваат во медицинска установа каде што има детска единица за интензивна нега, пренесе националната телевизија Нова.

Во изминатото деноноќие, во Бугарија се регистрирани 167 новозаразени со коронавирус, додека 15 лица починале.

57 пациенти остануваат на одделите за интензивна нега, а 108 лица се излекувани.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Бугарија

Софија е подготвена да потпише договор со Скопје за прекуграничен железнички тунел на Коридорот 8

Бугарската влада на Росен Желјазков го преживеа гласањето за недоверба

ВИДЕО: Повредените во бугарските болници се стабилни, ќе бидат потребни и пластични операции

Катерина Ѓуровски

Во Софија илјадници луѓе оддадоа почит на загинатите во Кочани

Состојбата на 14-те повредени кои се лекуваат во Бугарија и натаму е сериозна