Најмалку 89 жртви на трговија со луѓе, вклучително и седум деца, се спасени, а десетици се уапсени во операцијата на Интерпол против организирани криминални групи на Балканот, соопшти меѓународната полициска организација.
Жртвите биле принудени да проституираат, да работат присилно и да питачат.
Во операцијата со кодно име „Тезеј“ учествуваа 3.000 полицајци од осум земји, вклучително и Албанија, Молдавија и Турција. Акциите се одвиваа на граничните пунктови, станиците, автобуските станици и квартови.
Операцијата на Интерпол е извршена минатиот месец и траеше една недела. Во неа биле уапсени 72 трговци со луѓе и 167 други лица.