Депозитите во бугарските банки достигнуваат 100 милијарди лева

Од:

Депозитите на компаниите и домаќинствата во бугарските банки достигнуваат речиси 100 милијарди левови, соопшти Бугарската народна банка. Тие прецизираат дека вкупната вредност на депозитите во најактивниот летен месец е 99,5 милијарди лева

За само еден месец, сумата е зголемена за 1,3 милијарди лева или околу 1,3 отсто. Тоа најмногу се должи на депозитите на компаниите, кои се над 660 милиони лева, и на финансиските институции кои растат со околу 500 милиони лева додека депозитите на домаќинствата се зголемени за околу 120 милиони лева.

Натрупувањето заштеди од почетокот на пандемијата се случува при нула каматни стапки, и за компаниите – дури и со негативни.

И покрај мерките на банките за намалување на слободните средства заштедите продолжуваат да растат и за првите осум месеци од оваа година се „натрупани“ речиси 5,5 милијарди лева – од фирмите малку над два милијарди левови. финансиските институции речиси една милијарда додека домаќинствата во банкитевнеле над 2,4 милијарди левови.

На годишна основа растот и во трите сегмент во август е двоцифрен, а нивното вкупно зголемување е 12 отсто.

Би можело да ве интересира

Поранешниот заменик на Екатерина Захариева е нов шеф на бугарската дипломатија

Росен Жељазков е нов премиер на Република Бугарија, изгласана е новата Влада

Горан Наумовски

Бугарија: Жељасков го прифати мандатот, идната влада ја сочинуваат три партии

Мицкоски по Самитот во Брисел: Оставете ги билатералните прашања, коишто предизвикуваат емоција, да зборуваме за соработки

Главчев: Можеме да водиме секакви дијалози, но нашата позиција не е променета

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година