Дендиас во Приштина: Грција го поддржува зачленувањето на Косово и Западен Балкан во ЕУ

Од:

Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, кој денеска престојува во официјална посета на Приштина, порача дека неговата држава ги поддржува Косово и земјите од Западен Балкан во нивната намера да се зачленат во Европската унија, јави дописникот на МИА од Приштина.

На заедничката прес-конференцоија со косовската вицепремиерка и министерка за надворешни работи и дијаспора, Доника Грвала, Дендиас изјави дека, како и вчера во Белград, го истакнал значењето на спроведувањето на договореното меѓу Косово и Србија.

Шефот на грчката дипломатија нагласи дека неговата посета на Приштина е потврда за тоа колку големо значење му придава Грција на регионот.

– Според нашите последни анализи, ЕУ е конечната дестинација на Западен Балкан. Треба да разговараме за соработката од енергетски аспект. Грција е подготвена да му помогне на регионот. Ние целосно го поддржуваме дијалогот меѓу Приштина и Белград и постигнувањето законски обврзувачки договор, изјави Дендиас, изразувајќи им поддршка и на Мисијата на ЕУ за владеење на правото во Косово, ЕУЛЕКС, како и на посредниците на ЕУ и САД во дијалогот, Мирослав Лајчак и Габриел Ескобар.

Шефицата на косовската дипломатија, Грвала изјави дека со нејзиниот грчки колега разговарале за економската соработка меѓу двете земји, како и за дејствијата што Косово ги презема за зачленување во ЕУ и во Советот на Европа.

Таа нагласи дека улогата на Грција е неопходна за намалување на тензиите со Србија и за нормализација на односите на Косово со таа соседна земја.

– Улогата на Грција е многу пожелна и неопходна во напорите за намалување на тензиите со Србија, со цел да настапи нормализација наместо ескалација. Денешната средба беше продолжение на низата средби во различни околности и со различни содржини. Со нетрпение ги очекуваме резултатите и наредните чекори во врска со темите кои ги дискутиравме денеска, изјави Грвала.

Дендиас допатува денеска во Приштина од Белград, каде што имаше средба со шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ. По средбата со Грвала, предвиден е работен ручек со косовскиот премиер, Албин Курти, а потоа и посета на грчките војници во рамки на Мировната мисија на НАТО во Косово, КФОР.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски