Дендиас го информирал Кулеба дека планира да ја посети Украина во блиска иднина

Од:

Министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас во телефонскиот разговор со неговиот украински колега Дмитро Кулеба го информирал дека планира во блиска иднина да ја посети Украина, но и дека Грција има намера да испрати хуманитарна помош, јави дописничката на МИА од Атина.

-Го информирав министерот за надворешни работи на Украина дека планирам да ја посетам Украина во блиска иднина и дека Грција има намера да испрати хуманитарна помош за настраданиот народ на Украина, вклучително и грчката дијаспора, на која нашата земја ѝ придава посебно значење, напиша на „Твитер“ министерот за надворешни работи на Грција.

Дендиас, телефонски разговарал и со претседателот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст Питер Маурер, а шефот на грчката дипломатија, преку „Твитер“ соопшти дека ја нагласил потребата да се обезбеди хуманитарна помош за Мариупол, „дом на голем дел од грчката дијаспората“ и изразил надеж дека ќе биде овозможена евакуација на цивили, вклучително и членовите на грчката дијаспора

-Грција е подготвена да им помогне на евакуираните, напиша Дендиас.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Оние 300 милијарди долари што Западот ги замрзна на Русија сега стануваат многу важни

А1он

Кличко: Киев цел на повеќечасовен руски воздушен напад

А1он

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Москва: Терористичките групи ширум светот се снабдуваат со западно оружје од Украина

Трамп и понуди на Украина „подобрен“ нацрт-договор за минерални суровини