Дендиас e позитивен на Ковид-19

Од:

Министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас преку „Твитер“ соопшти дека е позитивен на Ковид-19, без симптоми и ќе ги откаже сите средби и патувања во следните денови, јави дописничката на МИА од Атина.

-На рапид и ПЦР тестовите со кои секојдневно се тестирам, позитивен сум на Ковид-19. Останувам асимптоматски, но должноста ќе ја извршувам од дома и ќе ги откажам сите средби и сите планирани посети во други земји во следните денови, напиша Дендиас на „Твитер“.

Шефот на грчката дипломатија вчера учествуваше во Берлин на состанокот на министрите за надворешни работи во рамките на Берлинскиот процес, а оствари средби и со неговите колеги од Северна Македонија, Србија и Германија.

Би можело да ве интересира

Средба Османи- Дендиас: Односите меѓу Северна Македонија и Грција пример за добри соседи

Дендиас: Турција да го почитува меѓународното право и што поскоро да ѝ се врати на логиката

Дендиас во посета на Одеса

Дендиас го информирал Кулеба дека планира да ја посети Украина во блиска иднина

А1он

Дендиас: Следната седмица видеоконференциска средба на Скопје и Атина за побрзо враќање во нормала

А1он

Дендиас испратил писмено барање до Борел за вонреден состанок на Советот на МНР на ЕУ

Предраг Петровиќ