Дендиас: Ако требаат 20 теста и 15 документи за да дојдеш во Грција, никогаш нема да дојдеш

Од:

Ако за да дојдеш во Грција си во ситуација да треба да направиш 15 различни работи, 20 тестови и 15 документи, нема никогаш да дојдеш, вели министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас говорејќи за туризмот, во интервјуто за радиото „ЕРА“ на грчкиот јавен сервис, јави дописничката на МИА од Атина.

Дендиас додава дека намерата на Грција е да прими посетители од земји со кои има слични епидемиолошки карактеристики, а напорите се за овие туристи да се обезбеди простор за слобода на движење „без потврди, без тестови, без малтретирања“.

Како пример за земји со слични епидемиолошки карактеристики со Грција, ги споменува Германија и балканските држави.

Во однос на вчерашниот состанок по иницијатива на шефовите на македонската и грчката дипломатија со министри за надворешни работи од Балканот, Дендиас вели дека главната тема бил туризмот односно „да можеме меѓусебно да се посетуваме“

-Имавме дискусија со сите министри од Балканот, обидувајќи да се договориме околу протоколите и процедурите што ќе дозволат да ја посетат земјата, сите оние кои што сакаат да дојдат, вели Дендиас.

Тој додаде дека се исклучително блиску до договор за заеднички услови, „како со земјите од поширокиот регион на Балканот, така и со повеќето земји од Европската унија“

Во интервјуто за грчкото радио, министерот за надворешни работи на Грција истакна дека во однос на туризмот, приоритетот на Владата, пред сè е заштита на здравјето и на грчките граѓани и на туристите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он

Живеат над 90 години и не знаат за деменција – жителите на грчки остров пијат чај секој ден

А1он

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот

Нов, најсилен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала попладнево го погоди Санторини