Делегација на Министерството за енергетика на САД во посета на Србија: Договорот од Вашингтон носи просперитет за регионот

Од:

Делегација од Министерството за енергетика на САД престојува во Белград поради состанок со владини претставници, енергетски компании и деловни луѓе од Србија.

„Многу сме задоволни што сме домаќини на делегација на инженери и научници од Министерството за енергетика на САД кои се во посета на Србија и Косово по потпишувањето на Вашингтонскиот договор, што ќе донесе економски раст и просперитет во регионот“, објави на „Твитер“ американската амбасада.

Американската делегација престојува во Белград откако ги посети Приштина и езерото Газивода.

Според американското Министерство за енергетика, посетата на Западен Балкан е одраз на сериозната посветеност на американската влада да им помогне на Белград и Приштина за спроведување на договорот од Вашингтон.

„Една од нашите клучни пораки до двете страни е дека диверзификацијата и одржливото снабдување со енергија се основа на долгорочен економски развој и просперитет“, велат од Амбасадата во Белград.

Се додава дека Соединетите држави се посветени во обезбедувањето успех на Договорот од Вашингтон, нагласувајќи дека оваа можност за ново поглавје на стабилност, соработка и успех на Западен Балкан не смее да се испушти.

Би можело да ве интересира

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД