Дел од украдените икони од Македонија пронајдени во Албанија

Од:

МВР пред неколку дена од албанската полиција добило информација за приведените две лица, кај кои се откриени преку 1.077 икони и предмети кои веројатно имаат културно-историско значење.

Според првичните сознанија на албанската полиција, добиени од разговорите со приведените лица, информира денеска портпаролот на МВР Иво Котевски, се сомнеаваат дека само три од пронајдените икони, потекнуваат од Република Македонија.

– Договорена е средба меѓу стручни лица од Македонија и од Албанија за да се изврши идентификација на иконите и ако биде потврдено дека потекнуваат од Македонија да може да се отпочне соодветна постапка за нивно враќање во земјава, изјави Котевски и додаде оти по дополнителните вештачења кои треба да се направат, не е исклучено да се зголеми бројот на иконите кои потекнуваат од Република Македонија.

МВР во соработка со Управата за заштита на културно-историското наследство и со МПЦ-ОА досега преку Интерпол има распишано потрага за 113 икони.

– Согласно сите податоци и карактеристики на иконите кои ги бараме, според оперативните сознанија, тие се изнесени од територијата на Република Македонија, рече Котевски.

Би можело да ве интересира

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Нов портпарол на Синодот ќе биде епископот Хераклејски г. Климент

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он