Деградација и уништување на шумите

Од:

Екоспарк – Белград

Покрај сите факти се уште недоволно се пишува и зборува за се поголемото и нерационално користење на шумските ресурси во секој дел од планетата.

Ваквата негрижа може да доведе до големи еколошки катастрофи од светски размери, ако земеме предвид колку важна улога играат шумските екосистеми и колку се всушност важни за биосферата на нашата планета.

Денес нема крај на земјата, нема шума во која не стапнал човек со секира или моторна пила. Најдолго се одржале Амазонските прашуми кои и беа последна надеж дека ќе ги зачуваме потребните резерви на кислород за подолг временски период во атмосферата и ќе ги спречиме можните последици од нивно исчезнување.

Меѓутоа, со сечата на шумите и негрижата да ги зачуваме шумските пространства на планетата, го забрзавме растот на јаглен-диксид во атмосферата, оштетувањето на озонската обвивка и драстична промена на климата.

Дрвосечачите веќе длабоко се влезени во амазонската прашума со најсовршена техника за користење на дрвната маса, но и за уништување на цели екосистеми. Повеќе од половина шуми на планетата исчезнаа од 1950 година до денес. Две третини латиноамерикански шуми исчезнаа или речиси се уништени.

Во САД „експлоатацијата на живата природа‟ била толку брутална и нагла, посебно во последните два века, „никогаш во историјата човекот толку нагло не ги опустошил шумите‟.
Во таа пространа земја од огромниот шумски предел од времето на Колумбо останале едвај една петтина шуми.

Половина Африкански шуми сосема се исчезнати.

Тајланд изгуби една четвртина од своите шуми во последните десет години, а Филипини една седмина во последните пет години.

Големите површини во ридовите на Хималаите имаат веќе изглед на површината на Месечината, како што е случај и со големите површини на Блискиот исток, Медитеранот и многу други делови на нашата планета, каде човекот не води никаква сметка за шумскиот ресурс.

Зголеменото уништување на шумите во Непал доведоа до негово лизгање кон морето.

Познатите џунгли во Јужна Азија ги уништуваат ратарите и тоа станува се поинтензивно.
Според проценките на Обединетите нации „80 милиони Азијци годишно сечат околу 48 милиони хектари шума; две третини од светското производство на цврсто дрво доаѓа од Југоисточна Азија: експоатацијата на дрвата е толку интензивна што ќе бидат уништени сите шуми во рамнините на Малезија до 2012 година‟.

Можеме да наведеме и голем број на примери од разни области и подрачја на Земјата, посебно на нејзината јужна хемисфера, иако ни северната не е поштедена од големите сечи на шумите.
Така на пример, во цивилизираната и културна Белгија, земјиште со 30.500 квадратни километри и над 280.000 жители на километар квадратен, шумите денес опфаќаат само 18 отсто од целокупната површина на територијата и тие главно изгледаат како убаво средени паркови.
Кога ќе ги сумираме и анализираме сите податоци на крај и покрај сите факти се уште недоволно се пишува и зборува за се поголемата деградација на шумите на целата планета, кое може да доведе до општа светска катастрофа.

Земајќи ја предвид огромната улога која ја имаат шумските екосистеми во биосферата на нашата планета од посебно значење се улогите на сите поголеми здруженија и организации, а посебно ОН за решавање на овој светски проблем, но сепак секоја земја поединечно мора да го решава проблемот, бидејќи само така може да се постигне подобрување на глобално ниво.

Би можело да ве интересира

Воведена делумна забрана за движење во шума од 06:00 до 20:00 часот

Од денеска забрането за движења низ шумите, на Водно нема забрана

Постигнат договор за забрана за увоз на производи кои придонесуваат за уништување на шумите

А1он

Киев: Русија врши „екоцид“ во Украина

Ќе се бараат средства за пошумување на опожарените површини и набавка на возила за справување со пожари

А1он

Приведени четири лица во Крушево за непочитување на забраната за движење во шуми