Деца бегалци без придружба од Грција заминуваат во земји членки на ЕУ

Од:

Заради поврзување со нивните семејства во земјите од ЕУ извадени се авионски билети за 89 деца бегалци без придружба, кои во моментов се наоѓаат во Грција, соопшти денеска портпаролот на грчката Влада, Стелиос Пецас, на редовниот брифинг со новинарите.

Случајот со децата без придружба сместени во прифатните центри беше една од одлуките и приоритет за грчката Влада, за време на состанокот на владиниот совет за надворешни прашања и одбрана одржан пред 10 дена.

-Во однос на децата без придружба, веќе се издадени авионски билети за 89 деца за да патуваат во други земји и одново да се поврзат со нивните семејства. Исто така, постои меѓудржавен договор со Обединетото кралство за прераспределување на дополнителни 60 малолетни лица без придружба (освен 50 кои веќе се префрлени), а постои комуникација со ирската Влада за преместување на уште 36, рече Пецас.

Портпаролот на грчката Влада, објасни дека од крајот на август до сега од островите во другите делови на Грција, префрлени се 1.747 бегалци и мигранти, а се подготвува префрлање на други 1000 лица.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

САД: Украински бегалци по грешка известени дека мора веднаш да ја напуштат земјата

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски