Дармановиќ: Превлака не е отворено политичко прашање меѓу Црна Гора и Хрватска

Од:

Црна Гора и Хрватска се две пријателски земји кои тесно соработуваат на теми од двостран интерес, а разграничувањето на Превлака не е отворено политичко прашање, изјави денеска црногорскиот министер за надворешни работи Срѓан Дармановиќ.

Дармановиќ во интервју за Хина рече дека разграничувањето на Превлака за Црна Гора не е отворено прашање во политичка смисла.

– Имаме Протокол за привремен режим од 2002 година, што без поголеми проблеми се спроведува во пракса, рече Дармановиќ.

„Двете земји за ова прашање разговараат отворено, конструктивно, во пријателска атмосфера и доколку не успееме сами да дојдеме до двострано прифатливо решение, го дефинираме начинот за заеднички настап пред меѓународните институции“, рече шефот на црногорската дипломатија.

Би можело да ве интересира

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Земјотрес во Далмација

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

Македонија и екс-Ју државите в петок бојкотираат маркети

Катерина Ѓуровски

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето