Дали двете сестри биле убиени за пари-Јелисавета ја продала куќата и имала пари од тој имот

Од:

Телото на Јелисавета Ѓ. (76) и нејзината сестра Гордана (78), кои вчера беа пронајдени во стан на Бежаниска коса во Белград, според истражителите се третираат како сомнителни смртни случаи, а постојан индикации дека се убиени за пари.

Сестрите со денови не се јавуваа ниту се појавувале надвор, па нивниот прв сосед се исплашил за нивното здравје и ја алармирал полицијата која вчера ја отворила вратата од станот на улицата Марко Поло и ги пронајде починатите сестри. На едната сестра главата и била покриена со перница, додека крај телото на другата сестра имало локва крв.

– Телата се однесени на обдукција и случајот во моментов се води како сомнителна смрт, а се упатува на двојно кривично дело. Јелисавета била сопственичка на станот. Нејзината сестра Гордана, неодамна наводно ја продала куќата и имала пари од продадениот имот – вели извор од истрагата и додава:

– Сомнежите се дека некој знаел дека сестрите имаат пари, па изработил план како да дојде до пленот. Очигледно можеби се работи за некој нивен близок затоа што сестрите не се пофалиле дека ја продале викендицата.

Припадниците на полицијата и ден по пронаоѓањето на телата во станот се уште дежураат пред врата.

Би можело да ве интересира

На македонската вечер организирана од Владата ќе се претстават над 300 винарии и македонски специјалитети

Обид за убиство во Скопје: Пукал во познаник, тешко го ранил во стомакот

Горан Наумовски

Пијан скопјанец пред сопругата и децата пукал и тешко ранил познаник

(ВИДЕО) Кина: Студент со нож убил најмалку осум лица

Горан Наумовски

Грозоморно убиство во Нови Сад: Со моторна пила и ја исекол главата на мајка си

Горан Наумовски

Обезглавено тело на жена е пронајдено во семеен дом во Нови Сад

Горан Наумовски