Дачиќ: Телефоните на државниот врв не смеат да се прислушуваат

Од:

„Ние не живееме во диктатура, туку во демократија, и тоа значи дека не може сега нашите телефони случајно да се најдат во некои акции за прислушување. Не може случајно да се прислушуваат телефоните на премиерот, вицепремиерот и шефот на државата“, вака реагира српскиот премиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ по повод аферата со прислушувањето на државниот врв .

Тој рече дека безбедносните служби, полицијата и војската не можат да прават што сакаат и дека во бескурпулозната борба против криминалот и корупцијата постои апсолутна согласност во Владата.

„ Тука веројатно се мисли дека, како и во претходниот период, ќе се бараат и ловат разликите кои постојат меѓу политичките партии. Не постои никаква разлика. Постои апсолутна согласност меѓу сите за бескурпулозна борба против криминалот и корупцијата, но во оваа држава мора да се знае редот“, рече  Дачиќ.

Српскиот премиер додаде дека „ниту војската, ниту полицијата, ниту безбедносните служби не можат да прават што сакаат“.

„Тоа е невозможно. Јас на тоа предупредив повеќе пати во претходниот период, но не ме слушаа. Таа грешка не смееме денес да ја повториме Александар Вучиќ и јас. или ќе биде така или ова веќе не е држава. Значи секој на своето место, не постои друга можност“, дециден е  Дачиќ.

Би можело да ве интересира

Втор ден од собирот „Не ја даваме Србија“

А1он

Дефиле на знамиња во Белград – развиена најдолгата српска тробојка

А1он

Полициски службеници попладнево влегоа во Медицинскиот факултет во Ниш

Горан Наумовски

ВИДЕО: По драматична потрага пронајдени петтемина исчезнати во Србија, ги немаше четири дена

Катерина Ѓуровски

Српската полиција објави фотографии од осомничените за нападот на студенти во Нови Сад

Кој е Марк Брновиќ, новиот американски амбасадор во Србија

Предраг Петровиќ