Дачиќ: Србија многу ризикува со воведувањето санкции кон Русија

Од:

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, денеска изјави дека основите на француско-германскиот план за Србија се неприфатливи бидејќи планот најпрво поаѓа од фактот дека Косово е независно, јави дописникот на МИА од Белград.

Српскиот вицепремиер рече дека Србија не може да поддржи политичко решение за тоа како треба да изгледа Косово како независна држава доколку за неа не се реши прашањето за независност.

-Нашите одлуки за воведување санкции кон Русија и директно и индиректно имаат влијание врз нашата позиција во однос на Косово, ако го направиме тоа малку ќе ги налутиме нашите традиционални пријатели, рече Дачиќ во своето гостување на ТВ Пинк.

Тој додаде дека Србија треба да има подадена рака кон сите делови на светот и дека треба да биде насочена кон своите национални интереси.

-Србија многу ризикува со воведувањето санкции кон Русија, таа нема гаранција дека со тоа нема да ги загрози своите национални интереси. Ние немаме гаранција од некој од Западот дека овие интереси ќе бидат заштитени, изјави шефот на дипломатијата.

Дачиќ синоќа гостувајќи на Еуроњус Србија малку повеќе го објасни ставот на Србија за француско-германскиот предлог, кој тргнува од фактот дека Косово е независно.

-Сметаме дека тоа е направено еднострано, што е меѓународно неприфатливо. Се тргна од фактот да Приштина и некои земји што ги признаваат сметаат дека ова прашање не треба повторно да се поставува. Ние сметаме дека врз основа на резолуцијата 1244 мора да има дијалог за тоа. Тие бараат еднострано наметнатото решение да биде прифатено од наша страна – изјави Дачиќ.

Намерата, додаде тој, е да се продолжи како ништо да не се случило, „а она што се случи е дека бриселскиот договор е мртва буква“.

-Брисел не го исполни тоа да биде грант за спроведување на договорот, пред сè околу ЗСО (Заедница на српски општини). Без ЗСО се губи суштината и девет години одбивате да ја формирате, додека Србите учествуваат во институциите и се поставува прашањето до кога тоа ќе трае. Парадоксално е што ние се повикуваме на бриселскиот договор, а оние кои треба да го гарантираат негово спроведување – не, потсети Дачиќ.

Тој изјави дека пресметката на Курти е „во неговата мегаломанија дека глобалните односи се такви што Србија сега е на погрешна страна“ и со тоа сака да доведе некои западни земји во ситуација да види како тие ќе се однесуваат.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“

(ВИДЕО) Опозицијата го блокираше судот во Нови Сад: кошкање и туркање со полицијата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Плафон падна врз гости во дискотека во Србија, има повредени