Дачиќ: Србија е подготвена да упати помош

Од:

Српскиот премиер Ивица Дачиќ упати писма до амбасадорите на Германија, Австрија и Чешка во Белград и изрази сочувство по повод поплавите кои ги погодија државите.

Премиерот во писмата понуди помош од специјални екипи за реагирање во случај на поплави.

-Србија, Министерството за внатрешни работи и Секторот за вонредни состојби се подготвени да упатат помош во вашите држава во вид на специјален тим за брз одговор во случај на поплави, спасување и работа на вода, доколку тоа е потребно, стои во писмата.

Како што пренесуваат агенциите најмалку единаесет лица загинаа во поплавите во централна Европа, Германија, Чешка и Австрија.

Девет лица се водат како исчезнати во поплавите во горниот тек на Дунав, кој достигна највисоко ниво во последните 500 години.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани