Дачиќ: Спасувачите се обидуваат да извлечат жена и девојче

Од:

Министерот Ивица Дачиќ денеска соопшти дека во Нови Сад осум лица загинале при пад на настрешницата на железничката станица.

Тој рече дека во спасувачката акција учествуваат близу 80 спасувачи од повеќе градови.

– Исклучително тешка акција, која секако ќе потрае уште неколку часа. Осум тела се извлечени од урнатините. Две лица се во болница, а тие преживеале, иако состојбата на едниот е доста тешка, му е ампутирана ногата – рече тој.

Дачиќ посочува дека имаат контакт со две лица кои се наоѓаат под урнатините.

– Работат да ги извлечат живи. Под рушевините има една жена, а таму во средината е девојче на околу 14 години. Со нив комуницираме – рече министерот.

Дачиќ посочува дека ќе се утврдат сите факти и причини за трагедијата.

Би можело да ве интересира

Српската полиција објави фотографии од осомничените за нападот на студенти во Нови Сад

Кој е Марк Брновиќ, новиот американски амбасадор во Србија

Предраг Петровиќ

Дачиќ: Додик и Стевандиќ се државјани на Србија

Горан Наумовски

ВИДЕО: „Имам добри вести“-директорот на српскиот клинички центар за состојбата на повредените во пожарот во Кочани

Предраг Петровиќ

Почина 19-годишниот Вукашин Црнчевиќ кој беше тешко повреден при уривање на настрешница во Нови Сад

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Вучиќ најави протести: „Народот веќе не се плаши“

Горан Наумовски